Вести Македонија Топ вести

Од политичките кавги не куртулија ниту мртовците – чија е капелата за пелагониските села Долно и Горно Агларци?

Еден ден едни ја чкртаат, друг ден други ја фарбаат. Капелата која мештаните од пелагониските села Горно и Долно Агларци ја градеа да им служи за  погребни обреди, стана јаболко на раздорот.

Работата стигна и на суд за да се расчисти во чие владение е, кој колку вложил,  кој кому должи.

Едни велат нетрпеливоста има партиска боја, други не признаваат дека политиката не ги остава на мира ниту покојните.

„Политиката толку навлегла меѓу жителите на Агларци, што тие имаат кавга и партиски се поделени дури и за капелата  каде се погребуваат мртовците“.

Пред 2 години  тогашниот претседател на месната  заедница, инаку градежен работник, Драган Каранфиловски,  почна да ја гради капелата, откако општина Новаци за таа намена издвои  4000 евра, а  мештаните дале по 250 денари. Но, парите не стигнале, па покрај донациите, Каранфиловски вели  вложил   1000 евра  сопствени средства за дограма, клима и струја,  со надеж дека Црковниот одбор  ќе му ги врати.

„Јас како претседател на СДСМ овој објектот го изградив. Многу му беше криво на опозиционерите шо се од  Црковниот одбор од ВМРО, зошто јас градам. Се обратив до Црковниот одбор да ми ги вратат  62 илјади, ми рекоа пари имаме, ама тебе не ти даваме“ вели Драган Каранфиловски.

Некои од жителите   не веруваат дека во кавгата има политика, велат  само недоразбирање.

„Зошто да водиме политика  за црква“ – вели жител.

Други бегаат и не сакаат разговор за капелета.

 Трети пак, велат дека на Драган чесно е да му се вратат парите.

„Треба да му се вратат парите што ги вложи Драги“ вели жител.

Драган тужеше, но го изгуби судскиот спор затоа што не можеше да докаже кој ја узурпира , кој ја смени бравата и во кој се клучевите од капелата

„За краток период ако не ми излезат во пресрет јас приморан ќе бидам да си ја земам мојата лична инвестиција, ПВЦ дограмата, климата, струјата“ – вели Драган Каранфиовски.

Претседателот на Црковниот одбор во Агларци, Алксандар Петковски, одби да разговара за капелата и рече дека нема што да каже на оваа тема.

 

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобренијата за градба стопирани, законите заглавени во Собрание, коj сака да гради ќе мора да го одложи планот

Дејан Дејан

Експресионистичкиот ликовен свет на Масин од вечерва на увид на јавноста

Дејан Дејан

Возејќи велосипед, удрила во пешак на „Паризанска“ – тешко повредена 21-годишна Кумановка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе