Вести Култура Македонија Топ вести

Почина Димче Мешковски – легенда на македонското глумиште

По долго боледување во Лос Анџелес- САД почина легендата на македонскиот театар, Димче Мешковски. Кариерата ја помина во Драмскиот театар каде одигра над 100 улоги. Кажуваше дека му е омилен лик Тасе од комедијата „ Викенд на мртовци“, за кој освои награда на фестивалот „ Војдан Чернодрински“. А,  денеска кога повеќе не е меѓу нив, колегите се сеќаваат на Мешковски како човек секогаш подготвен да им помогне.

Замина легендата на македонскиот театар, поливалентен актер со специфична појава кој беше миленик на публиката. Со овие зборови театарскиот критичар Тодор Кузманов го опишува Димче Мешковски, доајен на Драмскиот театар, кој почина на 77 годишна возраст во Лос Анџелес ,по долго боледување. Мешковски беше познат по улогите во комедиите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. А, Кузманов ги извојува неговите рољи направени во драмите, меѓу кои се: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“ и „Диво Месо“.

  • Овде сакам да го одбележам неговиот драмски усет, неговата специфика и оригиналност во креирањето на драмските ликови, иако пошироко беше познат и по своите естрадни настапи, по улогите во комедии. Каде и да се појавеше со себе ја носеше својата харизматичност- Тодор Кузманов- театарски критичар.

Сепак ликот на Тасе во црната комедија „ Викенд на мртовци“, во режија на Коле Ангеловски, му беше омилен на Мешковски. За него освои награда за актерско остварување на МТФ „ Војдан Чернодрински“. Во 35 годишната театарска кариера одигра над 100 рољи. А, уште повеќе во радио-драмите, забавните и хумористичните емисии како „Хихирику“,  во телевизиските серии, емисиите за деца и во народните приказни. Секогаш беше подготвен да им помогне на колегите.

  • Беше голем човек, одличен другар. Секогаш подготвен да ти помогне, да те посоветува. Ако си добар да те пофали, ако си лош, на еден шеговит начин да те опомени, да ти каже дека треба да се поправиш. Секогаш беше подготвен на секого да му излезе во пресрет- Ѓорги Тодоровски – актер.

За својата самопрегорна работа Мешковски доби награда за животно дело од фестивалот „ Војдан Чернодрински“, а не криеше дека аплаузот од публиката му е најголема награда.

  • Тоа чувство дека сум оставил нешто што е за публиката, за граѓаните е битно, значајно, тоа многу ми значи- Димче Мешковски – актер.

Комеморација по повод смртта на Димче Мешковски ќе се одржи на 28 март на пладне во неговиот матичен, Драмски театар.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: Води Силјановска, пред Османи и Пендаровски

Дејан Дејан

МВР: Изборниот процес помина во безбедна, мирна и демократска атмосфера, без пречки и поголеми инциденти

Дејан Дејан

Први изборни реакции: Земјотрес, почеток на крај, фер избори во НАТО држава. Излезност под 50%, половина час пред затварање на избирачките места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе