Вести Македонија Најважни

(Видео) Законските измени за набавка на лекот Трикафта чекаат зелено светло од пратениците

Денеска на дневен ред пред пратениците се законските измени со кои доколку бидат изгласани ќе се овозможи набавка на лекот „Трикафта“.

Измените се однесуваат на делот за увоз на лек кој има само еден производител и кој го има патентирано лекот и истите во иднина ќе важат и за други вакви лекови.

Државата изминатиот период преку интервентен увоз го обезбеди лекот за 8 најкритични пациенти, но листата е голема, дури 120 лица заболени од цистична фиброза ги чекаат измените за да можат да дојдат до терапијата.

Од Собранието за Вестите на Телма во 12.30 се јави Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе