Едни министри стануваат за други да седнат. Едни реформи застануваат за други да почнат.
Дали заглавија потребите на граѓаните меѓу честите министерски смени? Какви кадри седнуваат на директорските места?
Надлежните постојано најавуваат засилена борба со организираниот криминал и корупција. Ќе почне ли воопшто?
За овие и други прашања вечерва во Топ Тема дискутираат професорка Ана Павловска Данева од Правниот факултет “Јустинијан Први” и претседателката на Транспаренси Интернешнел Македонија – Слаѓана Тасева.
