Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Зголемениот број дојави за бомби го поставува прашањето дали ќе може да се одговори до крај

Дојавите за поставени бомби во почетокот беа ретки, ги немаше премногу, лесно беше да може да се исконтролира, да се направи евакуација и да се утврди дека дојавите се лажни, меѓутоа сега веќе сме во момент каде што имаме премногу дојави во текот на еден ден и навистина ги исцрпуваат максимално сите оние сили со кои што располагаме и навистина се поставува прашањето, ако се продолжи со овој интензитет, дали ќе може да се одговори до крај на сите барања кои пристигаат до органите за спроведување на законите, односно полицијата и анти-терористичките сектори,  кои треба да утврдат дека дојавата е навистина лажна, изјави во вечерашната Топ Тема, универзитетскиот професор Злате Димовски.

Првата дојава за бомба беше навистина страшна и сите се потрудивме, вработените во училиштата, тоа да не го покажеме пред учениците, со цел тие да бидат помирни и полесно да се евакуираат и да бидат безбедни. Понатаму, секоја следна дојава, на ист начин се примаше бидејќи работиме со децата, изјави директорката на ОУ „11-ти октомври“, Даница Блажеска.

Директорот на средното училиште „Владо Тасевски“, Александар Сибиновски, оцени дека,ретроспективно гледано, при првата дојава, евакуацијата на учениците била спроведена за 6-7 минути а при секоја следна бевме се подобри и побрзи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе