Вести Македонија Најважни

Клиника Жан Митрев: На ден пред судското рочиште, судот донесе пресуда клиниката да престане со работа – блокирани сметките

На ден пред почетокот на судското рочиште  за клиниката Жан Митрев, кривичниот суд без судење донел пресуда Клиниката да престане со работа, соопштија утрово од Клиниката.

Од Клиниката преку соопштение до медиумите информираат дека Кривичниот суд  донесе решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.

Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес. Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките. Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање. 

Се што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес.

Очигледно дека нашите апели беа залудни бидејќи токму пред отпочнувањето на судскиот процесот сме сведоци на брутална блокада со нејасна позадина на Клиниката Жан Митрев. 

Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано. „ПЗУ Жан Митрев Струмица“ и „Битола“, не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје. Другиот правен субјект „Фила Фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „ЛАБС“, кој е исто основан и поврзан со клиниката „Жан Митрев.“  Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал. Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок врз Клиниката Жан Митрев, се вели во соопштението од Клиниката. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе