Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со честитки до граѓаните по повод празникот Велики поклади – Прочка, но и со барања за прошка.
-Пораката од денешниот празник е благородна и исполнета со човечки вредности, затоа што големината на човекот е во простувањето. Да простуваме и да ни биде простено, да продолжиме по патот кон градење успешно и среќно општество со рамноправни граѓани. Да се почитуваме меѓусебно, да се обединиме сите заедно околу вистинските вредности и да обезбедиме мир, пријателство и благосостојба за секој граѓанин“, нагласува Ковачевски и додава оти меѓусебно разбирање и почит се основа за градење на интегрирано општество каде ќе се почитуваат човековите права и ќе се развиваат демократските вредности.
