Додека се чека Владата да одлучи дали ќе се укине субвенционираната струја за компаниите од прехранбениот сектор, министерот Бектеши најави дека од 1 март ќе ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Одлуката ќе се донесе владината седница во вторник, во наредниот период ќе се интервенира и кај тестенините, а можно е и за други прехранбени производи.
„Нема да има воени профитери во време на голема криза, ова е само првиот чекор“, дециден е министерот Бектеши.
Покрај евентуалното укинување на царината за тестенините, Бектеши соопшти дека на неделно ниво ќе се разгледуваат цените за другите прехранбени продукти, а се чека на податоци од министерството за земјоделство за натамошното постапување околу цените на овошјето и зеленчукот.
Граѓаните бараат намалување на цените на основните прехранбени производи и велат дека станува неиздржливо.
Во претстојниот период стоковите резерви нема да се активираат, а на во продавниците и марктетите ќе има засилени контроли од пазарниот инспекторат.
Според министерот Бектеши, ризик од нагло зголемување на цените, откако евентуално ќе се укине замрзнувањето на цените, нема да има освен ако нема драстично поскапување на цените на суровините.
Кога станува збор за укинувањето на субвенционираната струја за компаниите од прехранбениот сектот, доставената предлог ја разгледуваат правни експерти, Бектеши е убеден дека ќе мине на седница на Влада во вторник, а единствена непозната е дали ќе биде на сила од 1 март или од 1 април. Евентуално чистење на списокот од компаниите кои ја злоупотребиле мерката, а кои според Бектеши се дури 60 отсто нема да има
Ќе загубат и компаниите кои ја почитуваа мерките поради оние што не почитувале бидејќи нема подеично преговарање.
А, досега, според грубите проценки на надлежните, од Буџетот се потрошени над 1.5 милиони евра за субвенционирање на сметките за потрошена струја кај компаниите од прехранбениот сектор кои беа опфатени со оваа мерка.
Огнен Чанчаревиќ
