Вести Македонија Најважни

По една година во Владата, Алтернатива од опозиција сака да ги обедини партиите на Албанците за заедничка кауза

Неполн месец откако Алтернатива одлучи да делува од опозиција, веќе ги повлекува првите потези. Партијата која една година дена беше дел од мнозинството, сега, во моменти на реконструкција на Владата се обидува да ги обедини другите партиите од албанскиот блок, за како што велат – заедничка кауза.

Партијата на Африм Гаши нема ниту еден градоначалник во некоја од општините, но ги повика партиите на Албанците во Македонија да побараат Заедница на албански општини.

„Прашањето што треба да се постави е – зошто партиите на Албанците во Северна Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедница на албанските општини со истите надлежности кои бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку. Тие што го бараат тоа од Косово се наши западни сојузници, што значи дека таа заедница е во духот на западните вредности“ велат во соопштение од Алтернатива.

Уредување по ваков модел веќе една деценија се подготвува во Косово. Тоа е еден вид самоуправа на општините со мнозинско српско население во државата.

Моделот е особено фаворизиран од страна на меѓународната заедница, но реализацијата никако да заживее поради конфликтот околу обемот на овластувањата на општините.

Конечното формирање на заедницата е на повидок, по силните притисоци на меѓународниот фактор, а дел од прогнозите се дека истото ќе се одрази со „домино-ефект“ во регионот. Од владејачката ДУИ пристигнуваат слични тонови како и од опозициската Алтернатива.  

„Очигледна е потребата да се придвижи процесот на децентрализација во интерес на општините, а и во интерес на граѓаните е бидејќи таа власт е најблиската до нив. Заедницата во Косово ќе има „домино-ефект“ во регионот бидејќи граѓаните патуваат и споделуваат, нашите семејства се поврзани и половина се во Косово, а половина овде. Па, ако може Србите со 4% да имаат Асоцијација и да имаат видливи права, тогаш очигледно дека тоа ќе има ефект и врз Албанците коишто се најмалку 30% во Македонија и претендираат за истите права“ изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ и предводник на таканаречената „Огнена група“.

Формирањето на Заедница на српски општини во Косово е обврска на официјална Приштина, преземена со бриселскиот договор потпишан пред 10 години, а со посредство на Европската Унија.

Услов од кој Србија не отстапува е – Косово да ја исполни преземената обврска.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште пет дена кампања пред двојните избори на 8ми мај

Дејан Дејан

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе