Вести Македонија Топ вести

Сет мерки за сајбер-заштита и нула информации за одговорност по хакерските напади

Сет мерки за сајбер-заштита на државните институции произлегоа од денешната седница на Владата.

Вештите хакери веќе допреа до чувствителни податоци од Фондот за здравствено осигурување и успешно ги преземаа, а сега ваквите работи ќе се превенираат со итни мерки.

Општи работи, како обука за вработени административци и сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации, се дел од работите кои на владината седница беа препознаени како чекор плус кон зголемена заштита.

„Владата ги задолжи органите на државната управа, а им укажа на институциите кои не се органи на државна управа, да определат лице одговорно за информациска безбедност, со цел навремено пријавување на инциденти. Сите вработени задолжително да се регистрираат и да завршат обука за сајбер безбедност за вработени во јавна администрација“, пишува во дел од владиното соопштение.

Во меѓувреме, двајцата директори на ФЗО, Магдалена Филиповска – Грашкоска и Фатон Ахмети, за јавноста сѐ уште се достапни само со фотографија и биографија на веб-страницата на Фондот. За утре е најавен брифинг со медиумите, со кои нивната досегашна комуникација е сведена на минимум.

Директорот Ахмети е на пат во САД и надлежностите ги пренел на друго лице, со оглед на тоа дека сите одлуки во ФЗО одат со врзани потписи. Телма побара одговори од Владата – дали знаат за отсуството на Ахмети и дали е побарано од него да го прекине престојот во САД, со оглед на сериозниот хакерски напад на Фондот.

Одговори сѐ уште нема, а неизвесно е и каква одговорност ќе има за двајцата директори откако имаше негативен извештај за нивната работа од Државниот завод за ревизија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина филмската и музичка ѕвезда Оливера Катарина

Дејан Дејан

ЈП Паркови не исплаќа оштета за ветер посилен од 60км/ч – како се наплатува осигурување за оштетни завтомобили во невремето

Sonja Petrusevska

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе