Вести Македонија Најважни

ФЗОМ од утре ќе исплаќа боледувања и рефундации, а со медиумите и натаму ќе комуницира преку соопштенија

Вратен во функција системот “Мое Осигурување” за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот. Вака Фондот за здравство во кусо соопштение ја извести јавноста за надминатиот проблем со „Мое осигурување“. Системот функционираше многу кус период, само еден час, реагираат матичните лекари. Велат дека треба целосно да се стави во функција, за да можеме да кажеме дека  нормално функционираат здравствените работници.

  • Од утрово порталот на Фондот за здравство почна со работа барем ако ништо друго ги видовме фактурите и пресметките на Фондот за здравство за капитации и бројот на пациентите дека е оној број кој што и претходно постоел, но кога сакавме да пријавиме пациент во системот не дозволуваше воопшто. Фактурите не можеа да се потпишат и сето тоа траеше час до час и половина, кога целосно повторно системот е вон функција и не работи, значи повторно го имаме истиот проблем што го имавме и претходно, изјави д-р. Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ

До денеска „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари, велат од Фондот за здравство.

Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин.

Според Здружение на приватни аптеки, Фармацевтската комора и Комората на приватно здравство рано е да се каже дека системот функционира. Затоа што при самата проверка на „Мое осигурување“  немаат можност тоа да го проверат. Фармацевтите велат дека прават се што што е во нивна моќ да не се одрази тоа врз пациентите, но тврдат се уште дека насоките кои ги дава Фондот се тешко применливи во пракса. Според Фондот за здравство започната е исплата на аптеките и од утре ќе имаат средства на нивните сметки.

Во меѓувреме Системот на ФЗО е во функција, започна исплата на боледувањата, породилните и рефундациите, велат од надлежната институција.

Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда, Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во Подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата.

Додека надлежнитте институции го решаваат проблемот, медицинските работници и пациентите чекаат одговор, двајцата директори на Фондот за здравство Филиповска- Грашкоска и Ахмети се уште не одговараат на телефонските повици и пораки. Секоја институција која што е под хибриден напад има обврска да ги информира граѓаните за заштита и враќање на податоците, вели Грковска.

  • Во секој случај криењето не е решение граѓаните имаат обврска да бидат информирани во секој момент да знаат што се случува податоците припаѓаат на граѓаните, не на институциите, порача Славица Грковска, вицепремиер за добро владеење.

Системот на Фондот за здравство беше хакиран на 6 февруари.

 

Нина Стефанова 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе