Потпорниот ѕид на Кале, на улицата „Лазар Личеновски“, може да се урне, му укажале граѓани на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кој, пак, потенцијалниот проблем го сподели на Фејсбук.
„Станува збор за потпорен ѕид кој е дел од скалите кои водат од улицата „Лазар Личеновски“ до локацијата на Француски гробишта и Амбасадата на САД“, напиша меѓудругото Герасимовски на Фејсбук.


Тој појасни дека Општина Центар нема ингеренции и надлежности во овој случај, па затоа и не смее да постапи.
„Но, со оглед на сериозноста на работите, Општина Центар испрати допис до Град Скопје кој согласно надлежностите го повикавме да направи увид и го реши проблемот“, посочи Герасимовски.

Првиот човек на Центар укажа на потребата од брза и взаемна соработка меѓу институциите за решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните и изрази надеж на позитивен исход и брза интервенција од градот.

