Вести Македонија Најважни

Драган Даравелски на чекор до слободата – се чека на потврда од суд и потпис од директорот кој е пак во заминување од функцијата

Поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски на чекор до слобода. Доби ново судење на кое Кривичниот суд ќе треба да констатира дека делото му е застарено за гонење. Кривичниот суд на 3 февруари одлучил, а денеска соопшти откако и апелација потврдила дека Даравелски треба да добие ново судење, затоа што му се судело во отсуство. Во соопштението од Кривичен се повикуваат на Европската конвенција за екстрадиција и на ЗКП, според кој ако некој е осуден во отсуство ќе добие можност да му се суди и во негово присуство, ако во рок од една година од денот кога дознал за пресудата го побара тоа.

Имено, во конкретниот случај, советот го ценел чл.3 ст.2 од Втор додатен протокол на Европската конвенција за екстрадиција како и одредбата од  чл.424 ст.1 од ЗКП, според која кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство, стои во соопштението од Кривичен

Ова прашање беше спорно и за дел од експертите и за обвинителството кое се жалело на одлуката на Кривичен. Сметаат дека Даравелски дознал за пресудата уште пред неколку години, кога беше задржан во екстрадициски притвор во Белград, а не сега кога сам се предаде на граничниот премин Табановце на 11 јануари.

Со ваквата одлука на двата суда првичната пресуда на Даравелски од 2008, со која доби 7 години затвор, повеќе не важи па тој уште попладево требаше да биде пуштен од Идризово, но најверојатно за него затворската порта ќе се отвори утре. Според информации на Телма од затворот чекале оригинални документи, не само од Кривичниот суд, туку и од Кумановскиот суд, па застојот е институционален на релација Идизово и двата суда. Кривичен е надлежен за судењето на Даравелски, а Кумановскиот за издржување на казната поради местото на живеење. И токму со нивна одлука тој беше и спроведен во Идризово за издржување на казната.

Тој на слобода ќе го дочека новото судење на кое судот по службена должност ќе треба да констатира дека делото за гонење му застарело на крајот на 2022 година, велат познавачите.

Кривичната постапка против обвинетиот Драган Даравелски не е запрена односно со конкретното решение се дозволува повторување на постапката и ќе биде оформен нов предмет кој ќе биде распределен на понатамошно постапување, велат од кривичен.

Даравелски беше во бегство две децении. Во отсуство беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положаба, а пресудата му е правосилна од 2008-ма година.

Елена Ивановска Мукоска

Даравелски на слобода- укината му е пресудата поради која бегаше две децении

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе