Седницата за реконструкција на владата предводена од Ковачевски продолжува со иста динамика и меѓусебни обвинувања. Опозицијата цени дека влезот на Алијанса во Владата е уценет, додека власта упорно се правда дека најважен и е европскиот пат на државата.
44-ца говорници за да падне досегашниот министер Беким Сали. Опозицијата напаѓа за корупција и лошо владеење, мнозинството во собранието се брани дека е потребно окрупнување за европскиот пат. А, додека се крои нова влада, сегашната се ретчи.
Од Собранието за вестите на Телма во 15.30 се јави Далиборка Демјанска
