Вести Македонија Најважни

Попладнево реконструкција на Владата

Еден министер сам си поднесе оставка, а тројца треба да бидат разрешени. Претпладнево, Собранието констатираше дека министерот за правда, Никола Тупанчевски си поднесе оставка. Премиерот Димитар Ковачевски очекува мнозинството пратеници да го изгласа предлогот:  од неговиот кабинет да си заминат тројцата министри од „Алтернатива“ – Беким Сали, Адмирим Алити и Џемаил Чупи. Дури потоа, Собранието ќе расправа за четворица нови министри и тројца заменици, со што се означува влезот на „Алијанса“ во Владата.

Седницата ќе биде тест за политичкото расположение на пратениците. Математичкит гледано, од досегашното мнозинството од 64 треба да се одземат тројцата пратеници на „Алтернатива“ и да се додадат осуммината од „Алијанса“. Синоќа „алтернативците“ на Гаши донесоа одлука да одат во опозиција. Христијан Мицкоски рече дека „на крајот на 2021-та тие ја спасиле оваа Влада за да продолжи криминалот, а сега се избркани“.

„Алтернатива“ веднаш му врати дека не треба да ги злупотребува во неговите политички пресметки со СДСМ и дека „Алтернатива“ ниту била ниту е ниту ќе биде нечиј спасител.

„Ние сме единствената партија која од позиција на власт предложи уставен механизам за справување со политичката корупција. Би било добро ВМРО ДПМНЕ да го соопшти својот став за тој предлог“, му порачаа на Мицкоски.

Во предлогот за разрешување на заменици министри изоставен е Даим Лучи. Се шпекулира дека иако и припаѓа на „Алтернатива“, тој останува во Владата бидејќи е близок со Скендер Реџепи Зејд, пратеникот кој стана независен откако ја напушти оваа партија.

Се очекува долга расправа за предложената реконструкција. Нема да ја поддржат и групата „огнени“, кои се најмалку тројца, а некои од помалите владини партнери се уште имаат дилеми.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе