Вести Македонија Најважни

Донациите за Турција и Сирија направија хаос на скопскиот плоштад – се чека на комуналците да расчистат

Вака денеска изгледа скопскиот плоштадОна што требаше да биде донација за да им помогне на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија се сведе на куп расфрлана облека. Граѓаните непотребните работи од дома ги донеле на скопскиот плоштад. Овде каде што се собираат донации мала депонија, полна со летни, валкани и скинати работи.

Сега се чека комуналците да го расчистат плоштадот.

Иницијативата за донации беше самостојна. Седми ден иницијаторите се на плоштадот, но апелираат да се донира разумно. Не се потребни штикли, износена долна облека или свечени фустани.

„Апел имаме до граѓаните на Република Македонија да не донираат скината и валкана облека. Работите треба да се нови. Потребно е вода, ќебиња, душеци, а доколку може и шатори“, вели Давер Нуредин, самоинцијатор.

 Претставници на невладината организација „Легис“ која со години се занимава со хуманитарна работа велат дека секогаш треба да се следат насоките на државата и на местото каде е настаната кризата за донирањето да биде ефикасно.

„Навистина имавме голем проблем околу селекцијата. Голем број од волонтерите кои помагаа потрошија многу време околу селекција на облеката која подоцна завршува во отпад, а со тоа придонесуваме кон еколошки катастрофи. Не правиме услуга никому така“, вели Јасмина Голубовска од Легис.          

Од Црвениот крст апелираат донирањето да продолжи, и доставија листа на потребни работи кои треба да бидат нови.

„Потребни материјални добра се зимски семејни шатори, греалки на струја/плин, церада (постилка за земја), церада (зимска), вреќа за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови и храна“, велат од Црвениот крст.

Една недела по земјотресот Македонија прогласи ден на жалост во спомен на жртвите. Знамињата се спуштени на половина копје.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе