Вести Македонија Најважни

Шукова кандидат за министер за животна средина, Манолева можен заменик министер за здравство

Државната секретарка во Министерството за животна средина, Каја Шукова, ќе биде кандидатка за министерка во истиот ресор. Ова е едно од новите кадровски решенија на СДСМ откако коалициските партнери одлучија оваа функција да премине од ДУИ кај СДСМ.

Според информации на ТВ Телма, доктор Маја Манолева од Институтот за физикална медицина и рехабилитација, ќе биде заменик министер за здравство, а Тирон Јајага од Алијанса е можен кандидат за заменик министер за одбрана.

Во текот на денот се очекува средба на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Алијанса, Арбен Таравари, по која ќе биде соопштен конечниот меѓупартиски договор.

Синоќа, заседаваа Централниот одбор на СДСМ и Централното претседателство на Алијанса за Албанците. Партиските тела дадоа поддршка за коалициска соработка. Алијанса потврди дека добива три министерски места: во Правда, Здравство и Информатичко општество или вицепремиерско за економија, што зависи од одлуката на Алтернатива да остане или да си замине од Владата. За Алијанса ќе бидат отстапени и заменик-министерските места во Одбрана и во Земјоделство, како и повеќе директорски позиции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе