Вести Македонија Најважни

Тензично, но без инциденти на гробот на Делчев-изостанаа пораките од македонските политичари

Тензично, но не колку што се очекуваше, помина денешното чествување на роденденот на Гоце Делчев. Изостанаа пораките од македонската страна, која беше целосно фокусирана на безбедносниот аспект на настанот.

Претседателот на државата и премиерот кој дојде во придружба на вицепремиерот и министерите за одбрана, култура и внатрешни работи, први положија цвеќе на гробот на Делчев. Присуствуваа и на панихидата што ја одржа поглаварот на МПЦ, а кусо потоа си заминаа, без изјави за јавност.

За разлика од нив, бугарскиот министер за внатрешни работи, кој положи цвеќе попладнево, не се двоумеше да застане пред камерите. Откри дека лично побарал од провокаторите Џамбаски и Костадинов, да не доаѓаат во Македонија.

Од рано утрово, црквата Свети Спас беше под силно полициско обезбедување.

Ова предизвика револт, особено кај опозицијата, која дојде во голем број, а беа пуштани по два-тројца во растојание од 20 –на минути.

Почит оддадоа и историчарите кои побараа  да бидеме пример за едно поинакво чествување.

Македонските граѓани мирно му оддадоа почит на Делчев, без никакви инциденти. Најавените стотина бугарски државјани не дојдоа, но  полициски патроли останаа да го обезбедуваат објектот и понатаму.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе