Вести Македонија Топ вести

Парични казни од 300 евра, протерување од земјата и три години забрана за влез, за тројцата приведени на Деве Баир

Судот вечерва им изрече парична казна во износ од 300 евра и мерка протерување од земјава и забрана за влез во државата за период од три години на тројцата бугарски државјани, кои беа приведени денеска на граничниот премин „Деве Баир“ поради нарушување на јавниот ред и мир.

Бугарските државјани, 35-годишниот Г.З., 50-годишниот А.Х., и 54-годишниот Р.Х, како што соопшти МВР, биле приведени околу 12:45 часот откако се однесувале дрско и недолично и прво вербално, со најпогрдни зборови, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства.

На преминот „Деве Баир“, на нашата граница кон Бугарија од утрово беа воведени засилени полициските контроли, поради најавите за доаѓање на организирани групи бугарски државјани за посета на гробот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, на одбележување на 151-та годишнина од неговото раѓање.

Во еден период од денот, поради пад на системот за контрола на граничниот премин „Деве Баир“ за влез во земјава се чекаше неколу часови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина филмската и музичка ѕвезда Оливера Катарина

Дејан Дејан

ЈП Паркови не исплаќа оштета за ветер посилен од 60км/ч – како се наплатува осигурување за оштетни завтомобили во невремето

Sonja Petrusevska

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе