Вести Македонија Најважни

Османи: На политичарите кои го негираат македонскиот народ ќе им биде забрането доаѓање во земјава

Бугарската заедница во Северна Македонија ќе ги има сите права, слободи и привилегии како и секоја друга заедница, порача Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава по посетата на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ Пендиков, нагласувајќи дека нема да се дозволи негирање на бугарската заедница во Северна Македонија, како што нема да дозволи и негирање на македонскиот народ, и заедно Македонците, Бугарите, Албанците, Турците и другите ќе живеат подеднакво слободни.

– Жалам за овој инцидент. Таквиот чин не ги одразува вредностите на граѓаните на Република Северна Македонија, на нашето мултиетничко општество и Северна Македонија ќе се погрижиме да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот што е нешто свето што го градиме последните 30 години. Државата ќе се погрижи да се создаде атмосфера на нула толеранција на насилство. Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда“, истакна Османи.

Османи порача и дека секое доаѓање на политичари во Република Северна Македонија со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да се адресира и тоа во иднина ќе биде последно доаѓање во Република Северна Македонија.

Тој вициозен циклус во кој сме навлезени мора да престане, додаде Османи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе