Вести Македонија Најважни

Милков: Во Македонија продолжува традицијата на палење, стрелање и нaсилство врз луѓе

Во Македонија се враќаат црни традиции на палење, стрелање и насилство, по што историски е позната Македонија. Во Македонија има атмосфера на неказнивост на насилство порача бугарскиот Министер за надворешни работи Николај Милков. Ваквата изјава тој ја даде откако заедно со македонскиот Министер за надворешни работи Бујар Османи беа во посета на повредениот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кој на 19ти јануари, пренесува порталот СДК.мк.

– Момчето настрада заради своите идеи. Еден маж со кауза која што ја застапува. Ситуацијата не треба да продолжи на овој начин. Треба да се стави крај на атмосферата на неказнивост која што раѓа и ново насилство. Тука сум да кажам ‘не’ на враќањето на тие црни традиции кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе. За такво нешто нема место во Европа“, изјави Милков, додека Османи стоеше до него, пренесува СДК.мк.

Османи не рече ништо за ваквите обвинувања од бугарскиот колега и кажа дека во Македонија ќе има нула толеранција за насилство и зборуваше за позитивна агенда на двете влади.

– Северна Македонија ќе се погрижи да има нула толеранција на насилство како одговор на каков било проблем, најмалку на меѓуетничкиот соживот. Мора ние да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда што двете влади се трудат макотрпно да ја изградат“, кажа Османи.

Османи додаде дека идентификувани се сторителите на нападот, а еден веќе е во 30-дневен притвор, додека по другите се трага.

– Никој не смее да биде нападнат за тоа што се чувствува како што се чувствува“, вели Османи.

Прашан од бугарските медиуми за „примитивизмот на македонските медиуми“ кои го нарекувале „Бугар Османи“, македонскиот министер рече дека Македонија е демократија и не може да зборува за медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе