Вести Македонија Најважни

Туфегчиќ: Преседан е начинот на кој Пендиков е изнесен од државата

Истрагата за кафеанската тепачка која прерасна во дипломатски скандал е целосно компромитирана со изјавите на политичарите, а преседан е начинот на кој  кој 22 годишиот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид е изнесен од државата, вели  адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ.

-Факт е дека начинот на кој сето тоа е направено, со целосно игнорирање на македонските правосудни власти,  е опасен преседан бидејќи се работи за активна истрага, која е веќе компромитирана со политичките изјави на политичките чинители. На тој начин се отежнува работата  на јавниот обвинител, вели Владимир Туфегџиќ, адвокат.

Пендиков е учесник во постапката ,  па додека се расчистува случајот и се прибират докази, потребно е надлежен обвинител да даде согласност  за лицето да ја напушти државата, но, наспроти правните дилеми, на низата поставени  прашања обвинителството понуди оскуден одогвор, од кој се извлекува заклучок дека тој е сосолушан во болница

Оштетениот до сега два пати даде свој исказ во постапката и е достапен на органите на прогонот. Освен тоа, тој има правен интерес да учествува во постапката. Јавното обвинителство нема ниту една законска основа да задржува оштетено лице“, ЈОРМ

Пендиков во организација на бугарските власти вчера беше транспортиран на лекување во Бугарија, иако, како што пренесоа бугарските медиуми, тешките телесни повреди од тепачката во кафуле во Охрид, не му предизвикаа живото загрозувачка состојба. Пред еден месец полицијата го фати со дрога и му поднесе кривична пријава, поради што и за овој случај е направен преседан затоа што ја напуштил државата.

-Лицето е осоминичено како сторител на кривично дело, но и во таа постапка, имајќи го предвид настанот кој го предизвика вниманието, не знам дали јавниот обвинител во тој контекст побарал од судот за лицето да бидат пределни мерки за обезбедување присуство токму за спроведување на оваа постапка, вели Туфегџиќ.

За кафеанската тепачка, Обвинителството отвори истрага против 24 годишен охриѓанец за тешки телесни повреди и побара притвор за него, затоа што прво му упатил навреди по национална основа, а потоа со уште две лица го претепале Пендиков. Сепак за охридската јавност кои ги познава учесниците во инцидентот, остана дилемата дали во случајот има политика или пак станува збор за криминална пресметка, а некои медиуми објавија дека и еден од тепачите е Бугарин. Политичарите од двете држави пред да заврши истрагата, го осудија настанот и го  оквалификуваа како напад од омраза кон Бугарите. Контроверзниот бугарски политичар и европратеник Ангел Џамбаски и овој случај  го искористи за подгревање на тензиите. Тој денеска организираше протести пред зградата на Европската комисија во Софија, присутните побараа да прекинат преговорите на ЕУ  со Македонија и ја прозваа македонската полиција дека  не ги презела сите мерки. Од СВР Охрид ги демантираат ваквите обвинувања и велат дека во координација со обвинителството  интензивно работат  на расчистување на случајот.

„Сите информации се јавно објавени и достапни и вакви дезинформации прават штета и подгреваат нетрпение и недоверба помеѓу граѓаните„, наведува портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. 

.Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, заедно со неговиот бугарски колега,  утре ќе го посетат  секретарот на бугарскиот клуб Цар Борис во Охрид, Христијан Пенидков, кого полицјата го сомничи за поседување дрога.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вештачката интелигенција може да детектира депресија

Дејан Дејан

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе