Вести Македонија Најважни

Македонската јавност во исчекување на „црната листа“ на Стејт департментот

Американскиот Стејт Департмент и амбасадата на САД во Македонија се во дослух и тесна соработка од која треба да произлезе новата „црна листа“ која ќе биде една од алатките со кои САД ќе се борат против корупцијата во државата.

Ова го потврдија  од Стејт департментот за Гласот на Америка од каде соопштија дека членот 7031(ц) се разгледува како алатка за ставење под контрола корупцијата во Mакедонија. Инаку овој член предвидува  кога тоа е соодветно,  ставање на црна листа на функционери на странски влади вклучени во значителна корупција кое повлекува автоматска забрана за влез во САД.

Иако е се поизвесно дека црна листа ќе има, засега останува тајна кој и колкумина ќе се најдат на неа и дали ќе има актуелни политичари, пратеници министри судии и обвинители.

„САД се посветени да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во значителна корупција и ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво. Кога државниот секретар ќе добие веродостојни информации дека сегашен или поранешен странски владин функционер бил вклучен, директно или индиректно, во значителна корупција или грубо кршење на човековите права, секретарот е должен да го назначи или идентификува тој службеник и неговите/нејзините непосредни членови на семејството според членот 7031(ц), или јавно или приватно“, велат од Стејт Департментот.

Домашната јавност во секој случај очекува на листата да се најдат високи политички фигури но експертите смируваат и предупредуваат дека спектакуларните очекувања и најави не значи дека ќе се остварат.

Американскиот претседател Џо Бајден уште на почетокот на својот мандат донесе извршна наредба согласно која на црна листа ќе се ставаат лицата кои директно или индиректно се одговорни за поткопување на демократските процеси или институции на Западен Балкан, вклучително за корупција и прекршување на човековите права.

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, уште пред именувањето соопшти дека приоритет ќе биде борба против корупцијата во државата. Таа имаше свој став околу изборот на Ислам Абази за шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и порача дека македонското правосудство мора да почне да ги гони престапниците за да покаже и докаже дека никој не е над законот.

Во декември во Македонија пристигна „тим за санкции“ односно истражители чија единствена задача беше од прва рака да ја видат состојбата во Македонија и да испратат силна порака до сегашните и поранешните функционери и актери во општеството дека корупцијата ќе се казнува. Тие немаа официјални средби со државно политичкиот врв пре неколку дневниот престој во Македонија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Грчката амбасадорка Филипиду ја напушти собраниската галерија за време на инаугурацијата на Силјановска

Дејан Дејан

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Дејан Дејан

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе