Вести Најважни Свет

(видео)Обилните врнежи поплавија делови од Србија и Косово, луѓето се евакуираат во Митровица

Обилните врнежи од дожд неделава низ Балканот предизвикаа опасно издигнување на нивото на водата во реките во Србија, Босна и Црна Гора, поплавувајќи некои области.

Со поплави беа зафатени и делови на Косово и Албанија, каде што високите води го прекрија земјоделското земјиште, ги блокираа патиштата и предизвикаа привремен прекин на електричната енергија.

„Бесправно направените мостови, препреки, сите оние кои го фрлаат целото свое ѓубре во реките и во речните корита ширум цела Србија не само во Нови Пазар, Сјеница, Пробој туку низ цела Србија,тоа ни прави огромни проблеми“, рече Братислав Гашиќ, српски министер за внатрешни работи.

Во северно Косово, властите соопштија дека делови од градот Митровица се поплавени, поради што луѓето се принудени да ги евакуираат своите домови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе