Вести Македонија Најважни

(видео)Нападнат секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид- Османи го осуди инцидентот

Според МВР инцидентот започнал во угостителски објект во Охрид, а потоа и надвор од објектот. Секретарот бил пренесен во охридската болница каде што му констатирале тешки телесни повреди.

„На 19.01.2023 околу 22:30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј ’Македонија‘ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид“, пишува во полицискиот билтен.

За случајот е известен и јавен обвинител кој заедно со СВР Охрид презема мерки за негово расчистување, по што ќе има и пријава.

  • „Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во Центарот за култура. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани“, ова го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за „Бугарија наутро“.

Амбасадоката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи во Софија каде што ќе и биде врачена протестна нота како реакција од официјална Софија на нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го осуди инцидентот и побара надлежните да го расчистат, тој се слушнал со својот бугарски колега Николај Милков и најави дека ќе го посети повредениот Христијан Пендиков.

Обвинителството поведе постапка по наводите за пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ во Охрид

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе