Вести Македонија Најважни

Ковачевски и Ахмети не се извинија за нападите кон уредувачката политика на Телма

Нема извинување ниту од премиерот Димитар Ковачевски, ниту од лидерот на најголемата албанска партија во Македонија, Али Ахмети, за искажаните обвинувања околку уредувачката политика на телевизија Телма и телевизија Алфа, како и обвинувањата дека се „непријатели на Албанците“ во Македонија.

Ахмети по кажаното завчера на трибина во Гостивар, вчера ретерираше па се дополни дека станува збор за граѓани кои се јавувале во контактни емисии, за кои тој смета дека се „непријатели на Албанците“, а не и двете редакции. Не смета дека го загрозил интегритетот на новинарството во Македонија, ниту пак безбедонста на новинарите и медиумските работници. Без прецизен одговор дали треба да се ограничи уставното право за слобода на говор на граѓаните, бидејќи нешто од кажано не му се допаднало, нему или на раководствот на партијата.

Интересно е што ниту една политичка партија од албанскиот болк не се огради од ставовите на Ахмети и прозивките за редакции – „непријатели на Албанците“.

Премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди својот коалиционен партнер во владата, ја осуди уредувачката политика на Телма, што е во спротивност со сите европски стандарди за слобода на изразување и слобода на новинарството.

Од Илинденска денеска нема ниту извинување, ниту ретерирање.

Премиерот и неговиот најблизок соработник во Владата продолжија со една пракса, за која што многумина помислија дека е напуштена, а тоа е произивската на медиумите и поделбата на подобрни и неподобни, патриоти и странски платеници.

Медиумските организации, ЗНМ, ССНМ како и АВМУ, но и новинари и јавни личности, со жестоки реакции и осуда на искажаните ставови и на Ковачевски, и на Ахмети.

Интересно е и што и по две години, откако на инсистирање на медиумската фела во Собранието влегоа измените на Кривичниот законик, премиерот Ковачевски никако да го искористи влијанието и соработката и да го анимира собраниското мнозинство тие да се донесат, и секој напад врз новинар да се третира како напад врз службено лице. Дополнително во Собранието се закочени и други медиумски закони, за кои пратеницитете немаат слух, ниту време и волја да ги изгласаат, а за што медиусмките здруженија постојано реагираат, а најавија и протести.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе