Вести Македонија

Жан Митрев во „Топ тема“: Ние не сме лекувале корона, ние сме давале шанса на пациенти со компликации од корона

Ние и сега немаме лек за корона, ние не сме лекувале корона, ние сме ги лекувале пациентите кои се комплицираат од короната и сме давале шанса тие пациенти, со нивниот организам, да можеше да го победи вирусот. Ако и нивниот организам не можел, толку биле и нашите напори, истакна доктор Жан Митрев во интервјуто во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Хемофилтрацијата е потполно ист принцип како дијализата или хемодијализата кај бубрежно болните. Хемофилтрацијата е само едно помагало во лекување на тешко болни пациенти во интензивна нега. Различните се причини поради кои тие пациенти доаѓаат и завршуваат на интензивна нега. Може да бидат бактериски причинители кои прават инфекции и тоа е често во кардиохирургијата. Методот на хемофилтрација ја користиме на интензивна нега од самото формирање на болницата“, истакна доктор Митрев.

Клиниката, како што вели кардиохирургот, ги минала сите развојни фази што хемофилтрацијата ги имаше во изминатите 20 години.

„Овој начин на хемофилтрација, како најсофистициран, е од 2008 година, а од 2013 година е и „Огзирис“ хемофилтерот, како посебен софистициран филтер кој, покрај другите токсини во организмот, вади и делови од бактерии, вади некои имунолошки активности, т.е. хиперактивности кои дополнително може да му наштетат на организмот“, посочи доктор Митрев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе