Вести Македонија Најважни

Мијалков си добил од затворот слободен викенд за Нова година, со Тачи денеска во суд за случајот „Титаник 2“

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков утрово беше спроведен од затворот од Струга во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Кривичното дело за кое се гони Мијалков во овој случај, „Примање награда за противзаконито влијание“ за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година, но ова дело му застарува за пет месеци, или во април 2023 година.

Ексдиректорот на УБК, новата година не ја дочекал во струшкиот затвор, каде одлежува затворска казна бидејќи бил на продолжен викенд. Оваа привилегија му била овозможена од директорот на затворот, Ваљон Ќуља, објави веб медиумот А1он.мк.

Од управата за извршување на санкции потврдија дека струшкиот затвор му дал викенд на Мијалков од 29-ти декември до 1-ви јануари.

Другите обвинети во случајот „Титаник 2“, пратеникот Мендух Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, и уште тројца поранешни членови на ДИК немаат можност да се спасат со застарување. Тие се гонат за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Случајот е во фаза на доказна постапка по вторпат, откако во декември 2019 година Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата од Кривичниот суд со затворски казни.

Повторување на судењето ќе има и за случајот „Таргет – Тврдина“ односно за масовното прислушување за што Мијалков беше осуден на 12 години затвор. Апелација по повеќе од една година разгледување, и овој случај го врати на повторно судење и сега големи се можностите да застарат делата за коишто се гонеше поранешниот директор и во овој случај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе