Вести Македонија Најважни

(Видео) Кривична пријава против 12 лица од полициската станица на ГП „Табановце“ – при претресите пронајдени околу 20.000 евра

Кривична пријава против 12 лица, сите вработени во Полициската станица на граничниот премин „Табановце“, е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, „примање поткуп“ по чл. 357 вв чл. 23, „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 вв чл. 23 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во рамки на криминалистичкото истражување на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради сознанија дека на Граничниот премин Табановце од група на полициски службеници на организиран начин се вршат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи и во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, на 25 декември беа извршени претреси во службените простории на граничниот премин „Табановце“ и во домовите на дел од кривично-пријавените. По спроведената истрага за командирот, заменик командирот и за 10 полициски службеници во Полициска станица за граничен премин „Табановце“, меѓу кои и раководител на смена, беа обезбедени материјални докази за нивна инволвираност во криминални активности, а при спроведените претреси кај лицата беа пронајдени предмети за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од кривични дела преку примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувања“, се вели во соопштението на МВР.

Членовите на организираната криминална група, додаваат од МВР, „активно дејствувале на граничниот премин „Табановце“ од септември во 2020 година како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист“.

„Секој член на таа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од „заработката“ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело „примање поткуп“, се наведува во дописот на МВР.

При претресите на 25 секември по Наредба од Судија на претходна постапка, во нивните домови, останати поростории и возила се пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка.

По извршените претреси по Наредба од Јавен обвинител од слобода се лишени И.Н., А.А., Н.П., Д.К., Х.К., В.Ф., А.С., М.Ј. и Ј.Н..

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше за Куклица, фрлал камења кон инспектори на УЈП

Sonja Petrusevska

Симптоматична е втората оставка во Уставен, јавноста треба да ги знае причините – велат експертите

Дејан Дејан

Документот со исполнети реформи испратен во Брисел, Изборниот законик останува во политички застој

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе