Вести Македонија Најважни

Наместо во Идризово, Мијалков се враќа во судница, по „Трезор“, на апелација падна и „Таргет- Тврдина“

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков нема нема да замине во Идризово во блиска иднина. Апелациониот суд одлучи да му ја укине 12 годишната затворска казна за масовно прислушување. Решавале судиите, Јани Ниџа, Енвер Беџети, Тања Милева и Лидија Чачева. Пресудата се укинува, жалбата на обвинителството се отфрла, а предметот се враќа во Кривичниот суд на одново судење. Според апелација, погрешил судечкиот совет и сторил повреди од ЗКП.

Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик, се вели во соопштението од Апелациониот суд Скопје.

Адвокатите на Мијалков се задоволни од одлуката. Реагира обвинителката Ленче Ристовска, според која второстепениот суд можел да отвори претрес на главна расправа и да се остранат сите забелешки, а не да се отфрла пресудата. Сега со оваа одлука се поизвесно дека на Сашо Мијалков ќе музастарт сите кривични дела во предмeтот „Таргет – Тврдина“. Тој повеќе не се гони за „примање награда“, а во 2025 му застаруваат и делата „злоупотреба на службената положба“ и „злосторничко здружување“. Овој ноември апалација му ја укина пресудата од 8 години затвор во предметот „Трезор“, каде што нема застарување, но затоа следната година му застарува и гонењето во предметот „Титаник 2“, кој исто така е вратен во скопска едница.

Од над 20 години затвор сега Мијалков е соочен само со казната од 15 месеци во „Плацевите на Водно“ и казната која ја издржува за „Империја“ во Струга. Токму предметите за висока корупција, и оние на Мијалков биле предмет на увид на американскиот тим за санкции, кој си замина во вторникот, а остави зад себе бура од реакции околу корупцијата во системот кај извршната власт.

Со голема доза на загриженост ја примив информацијата дека Апелациониот суд ја укинал првостепената пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, во кој, преку злоупотреба на службена положба,  масовно беа прислушувани илјадници наши граѓани. Уште позагрижувачки се информациите дека, поради неажурното одлучување на судиите, можно е застарување на делото кое значи повреда на основните уставно загарантирани човекови права, напиша Славица Гркова на својот фејсбук профил.

Одлуката ја донесе петчлен судечкиот совет со Џенета Бегтовиќ како прва судијка, Владимир Туфегџиќ како втор и уште тројца поротници. Сите обвинети, освен бегалците Грујевски и Бошковски, ја слушнаа пресудата во судница.

Случајот што беше отворен за масовното нелегално прислушување, резултира со вкупна затворска казна од 55 години, од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

По 15 години добија Горан Грујевски и Никола Бошковски, шест години му беа изречени на Тони Јакимовски, четири на Гордана Јанкуловска и три на Надица Николиќ. Условни затворски казни во траење од две години беа изречени за Маријан Шумуликоски, Владимир Варелов, Васил Исакоски, Валентина Симоноска и Силвана Златова. О

штетените граѓани кои, пак, биле предмет на прислушување, судот ги упати да бараат отштета во граѓанска парница.

Судскиот процес започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе