Вести Најважни Свет

Хрватска во Шенген зоната, Бугарија и Романија остануваат надвор

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната. Двете земји членки на Европската Унија (ЕУ), на денешниот состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел, не успеаја да добијат поддршка од европските партнери за влез во безбедносниот простор на стариот континент. За членство на Бугарија во Шенген, според бугарските медиуми, гласале 25 земји, а две биле против, без да се наведе кои.

Европскиот удар за бугарските амбиции за влез во Шенген зоната го најави Хаг, за холандскиот став претпладнево да добие поддршка и од официјална Виена. Шефот на австриската дипломатија, Герхард Карнер, пред денешниот состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи, изјави оти ќе гласа против Бугарија за прием во Шенген.

Бугарскиот министер Иван Деремџиев, пак, не покажа разочарување по состанокот во Брисел. Тој најави оптимизам и позитивен став дека многу скоро и неговата земја ќе може да стане полноправна членка на Шенген зоната за што најави дипломатска офанзива уште во текот на овој месец.

Со реакција се јави и бугарскиот претседател Румен Радев кој одлуката за држење на Бугарија надвор од Шенген е крајно нелогична во услови на безбедносна, економска, социјална криза.

Хрватска, пак, за која немаше забелешки, и официјално ќе биде 27-та полноправна членка на Шенген од 1 јануари 2023 година.

Во Шенген зоната влегуваат 26 држави од кои 22 се членки на Европската Унија, а дел од неа се и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новинарите во Србија подлегнуваат на самоцензура поради закани

Дејан Дејан

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Дејан Дејан

МЗ: За случајот со Токсикологија ќе се постапи согласно добивањето на заклучоците од инспекциските надзори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе