Вести Македонија Најважни

Скандал во Арачиново, опозицијата обвини за закани со оружје – МВР третира поинаква пријава од граѓанин

Доцна синоќа полициска патрола била протерана од скопско Арачиново од вооружена група, откако претходно се обидела да запре возило кое било управувано од лице што не поседувало документи. Лицето се здало во бегство, а откако патролата тргнала по него била пресретната од други лица под сомнеж дека дел поседувале и оружје. Полицјаците, соочени со притисок го напуштиле местото. Засега остануваат неодговорени прашањата, кои се лицата од кои се исплашиле полицјаците. МВР, истражува. Но, појдовна точка е единствената пријава од тој реон, односно сосема спротивна од информациите на медиумите.

Изворите на Телма информираат и дека случајот не бил пријавен кај надлежните, како и дека ова не е единствен ваков настан. За овие сомнежи со свои наводи се огласи и опозицијата.

Ова е тежок скандал, за којшто нема оправдување, ниту криењето помага. Вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, која бара оставка од Спасовски.

Вклучена е и внатрешната контрола при МВР која треба да ги распраша полицајците кои синоќа биле, или не биле, на пункт во Арачиново. Но, одговор од МВР треба да стаса и кого тие застанале и легитимирале во возило. Опозицијата, пак, освен одговори очекува оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе