Вести Македонија Најважни

Светски ден за борба против СИДА: Досега во земјава починале 123 лица, пет нови случаи на вирусот во октомври

Според Светската здравствена организација (СЗО), ХИВ вирусот и натаму останува глобален проблем за јавното здравје и кој погодува над два милиони луѓе во европскиот регион.

Оценката на СЗО е дека во последните неколку години нема напредок кон постигнување на целите за ХИВ. Ресурсите се намалени, а како резултат на тоа, голем број животи се загрозени.

До 2022 година од ХИВ/СИДА во земјава починале 123 лица, а 451 лице живее со ХИВ/СИДА.
Во текот на октомври, согласно податоците објавени од Институтот за јавно здравје, регистрирани се пет нови случаи. Сите се пријавени со ХИВ. Регистриран е и еден смртен случај од ХИВ/СИДА.

За ХИВ/СИДА не постои лек, но постојат лекови што ја успоруваат болеста. Со цел да се заштитите од ХИВ/СИДА потребно е да се практикуваат сигурни сексуални односи со користење на кондом. За да дознаете дали сте позитивни на ХИВ потребно е да се направи тест. Тестот за ХИВ се препорачува да се направи најмалку три месеци, а во некои ситуации и до шест месеци од ризичното однесување.

Од СЗО ги повикуваат глобалните лидери и граѓаните да ги препознаат и да ги решат нееднаквостите што го кочат напредокот во ставањето крај на СИДА-та и да се израмни пристапот до основните услуги за ХИВ, особено за клучните популации – мажи кои имаат секс со мажи, трансродови лица, луѓе кои користат дроги, сексуални работници, затвореници и мигранти – и нивните партнери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе