Вести Македонија Најважни

Македонија денеска во Брисел го почнува билатералниот скрининг за поглавјето 23 – „Правосудство и фундаментални вредности“

Македонија денеска во Брисел ќе го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 23 кое се однесува на „Правосудство и фундаментални вредности“.

Работната група за преговори, денеска и утре, низ 24 презентации ќе ја претстави позицијата и нивото на усогласеност на правниот систем на земјава во однос на европското право во областа на судството, антикорупциската политика, основните права, правата и заштитата на малцинствата и правата на граѓаните на ЕУ, пред експертите од Европската комисија, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

Во македонскиот преговарачки тим е и државната секретарка на СЕП и заменик на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, а членови на Работата група за преговори се претставници од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, од министерствата за правда, за внатрешни работи, МНР, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за информатичко општество и администрација, од Судски совет, Совет на јавни обвинители, Јавно обвинителство, Државна комисија за спречување на корупцијата, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски сервиси, Агенција за заштита на лични податоци, Агенцијата за катастар на недвижности и Секретаријатот за европски прашања.

Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“ ги покрива областите на правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права. Европските принципи за фундаментални права се утврдени во Повелбата за фундаменталните права која со стапувањето на Лисабонскиот договор во сила е правно-обврзувачка за земјите членки. Во оваа област фокусот на Европската Унија е ставен на борбата против дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата, слободата на изразување, заштитата на личните податоци, како и на заштитата на ранливите групи, како што се децата, жените и малцинствата, информираат од Секретаријат за европски прашања.

Поглавјето 23 заедно со Поглавјето 24 – слобода, безбедност и правда, се едни од најкомплексните поглавја, а динамиката на преговорите во оваа област влијае врз напредокот во другите аспекти на преговорите со ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе