Вести Македонија Најважни

Екс врховни судии и Народен правобранител во комисијата во чиј мандат предвреме се полагало правосуден

Лидија Неделкова, која во тој период беше врховен судија, била претседателка на испитната комисија за полагање на правосуден испит во 2015-та година, кога се забележани случаи на предвремено полагање.

Членови на комисијата кои на правосудниот испит дозволиле стотина правници со спорни уверенија од Универзитетот на Југоситочна Европа да полагаат без да ги исполнат законските услови се и Јово Вангеловски, Фаик Арслани, Иџет Мемети и Николчо Николовски.

Секретар на комисијата бил Александар Алексовски.

Комисијата, пред која полагале кандидатите, била избрана на предлог на министерот кој, пак, според министерот за правда, го користел дискреционото право да одобри полагање.

Овие податоци Телма ги доби од Министерството за правда, врз основа на барање за пристап до информации од јавен карактер.

Тројца од членовите на испитната комисија повеќе не се во правосудството. Поранешните претседатели на Врховниот суд, Јово Вангеловски и Лидија Неделкова се разрешени поради нестручно и несовесно извршување на судиската функција. Тогашниот врховен судија Николовски кој беше и претседател на Здружението на судии не е повеќе судија. Но, двајца од нив сè уште се на високи позиции во правосудниот систем.

Фаик Арслани е врховен судија, а по разрешувањето на Вангеловски беше и в.д. претседател на Врховниот суд. Иџет Мемети, кој во 2015-та беше Народен правобранител сега е член на Советот на јавни обвинители.

Членовите на комисијата за Телма тврдат дека тие не биле надлежни за проверка на документите на кандидатите, туку само за проверка на знаењето. Според нив, секретаријатот во Министерството за правда ги проверувало документите. Тоа, како што велат, стои и во тогашниот закон за правосуден испит, во член 9, кој предвидува дека стручните и административни работи на испитната комисија ги врши Министерството за правда. Во член 12, пак, стои дека министерот или од него овластено лице, со решение утврдува дали кандидатите ги исполнуваат условите.

Министерот Јашари не сакаше да зборува за случајот. И тој тврди дека за документите биле одговорни стручните служби во министерството. Инаку, Јашари во моментот е декан на правниот факултет на Универзитетот на југоисточна Европа од каде дошле „уверенијата за дипломирање со техничка грешка“.

Антикорупциската комисија деновиве утврди дека синот на собранискиот спикер, Талат Џафери како и над 400 студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа добиле спорни уверенија за завршени правни студии, а на синот на Џафери му било дозволено и да полага предвреме правосуден испит.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе