Вести Македонија Топ вести

Арсовска не помислува на оставка: Ако не биде изгласан буџетот на Град Скопје, ќе се оди на избори за Советот

Оставка не е опција за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, туку избори за Советот како што беше случај во Општина Тетово доколку не биде изгласан буџетот за 2023 година. Ова го истакна Арсовска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Доколку советниците одлучат дека не треба да поддржат функционален буџет за граѓани, за реализација на проектите и за модерно Скопје, тогаш, по автоматизам, нивниот мандат престанува и ќе си одат на локални избори и ќе си дојдат советници кои ќе работат во интерес на граѓаните. Меѓутоа, мој личен впечаток е дека таму има искусни луѓе, и во политиката и како советници, и никој не би понел таква политичка штета по нив. Мене ми е јасно дека на двете најголеми политички партии во државата не им е мило да видат дека некој поединец се обидува да смени нешто што се случува и во градот и во државата. И тоа е нивно легитимно право“, рече Арсовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе