Вести Македонија Најважни

Приватните превозници утрово со блокади на скопските сообраќајници, протестот ќе трае до исполнување на нивните барања

Утрово од 7 часот, приватните превозници со повеќе од 30 автобуси протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај „Мавровка“, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Од приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ велат дека не е утврдено времетраењето на протестот, бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата.

Оттаму најавуваат дека ако брзо не се решат нивните барања, во наредните денови блокадата ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје. Во рамките на активностите за решавање на актуелниот проблем, „Слобода превоз“ денеска треба да оствари средба со УО на ЈСП, а, исто така, претставници на приватните превозници ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.

Минатата недела приватните превозници не сообраќаа поради неисплатениот долг од Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска минатата недела ги обвини приватните превозници дека од 2017 година наплаќале билети и парите не ги пријавувале, а фактурирале по 400.000 евра од ЈСП секој месец. Во демантот на таквите обвинувања, превозниците порачаа дека воопшто не се вклучени во наплатата на билети.

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, не сообраќаа поради немање средства за нафта затоа што ЈСП Скопје, односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата, а потоа беа исклучени и приградските линии 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Дејан Дејан

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Дејан Дејан

Македонија ќе бара помош од САД во поглед на евроинтеграциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе