Вести Македонија Најважни

Ветувањето за учебници сѐ уште не е реализирано

Дел од основците добија учебници, а други уште чекаат со празни ранци. По многу пробиени рокови и неисполнети ветувања, па дури и на крајот на првото полугодие – процесот на печатење и доставување е далеку од завршен. Последните ветувања од МОН беа дека до крајот на октомври ќе бидат готови учебниците, за потоа да се пролонгира истиот до ноември.

Основците од прво, второ, четврто и петто одделение ги немаат добиено учебниците. Просветниот кадар вели – мораме да се снаоѓаме со материјали. Во телефонски разговор за Телма, од менаџментот на центарското ОУ Киро Глигоров ни одговорија дека до пред една недела немале учебници за четврто одделение, но веќе се комплетирани со сите потребни книги и наставата тече нормално како и во претпандемискиот период – со книги, наместо со скрипти и заменски материјали.

Во другиот дел од училиштата имаат добиено само дел од потребните учебници, а во дел од училиштата се уште немаат учебници и ги чекаат.

 

Во основните училишта во општината Гази Баба од потребните 4 учебници за четврто и петто одделение добиени се само 2 учебници за четврто одделение, а тоа се математика и македонски. Тие очекуваат во брзо време да ги добијат и учебниците општествени науки и историја и општество, велат од едно основно училиште од гази баба.

Надлежните на стартот на учебната година повеќе пати уверуваа дека учебниците ќе бидат навреме доставени, а се дотогаш на помош се само заменските скрипти. Родителите имаа поплаки дека тоа не е доволно добар и исцрпен материјал, по што од МОН смируваа дека проблемот набрзо ќе биде решен.

До крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуција на 70 отсто од учебниците за овие одделенија. Станува збор за целосно нови учебници, изработени согласно новите наставни програми и тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици и кои им беа поделени пред почетокот на учебната година, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје, тврдат од министерството за образование и наука.

Веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование. Процедурата тече, но многу бавно. Неизвесно е кога точно ќе бидат достапни сите потребни учебници.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе