Вести Македонија Најважни Топ вести

Седница зад затворени врати – министрите прашуваат, Димовски елаборира за случајот Онишченко

Вратите на владината сала за седници се затворени, а од 14 часот министрите го слушаат и прашуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски за државјанството на Олександр Онишченко. Министри со кои контактираше Телма пред седницата ни рекоа дека имаат повеќе прашања за случајот.

Од седницата нема информации, бидејќи станува збор за класифицирани информации, а прес службата чека насоки. На Димовски ова би требало да му биде последен пат да реферира како директор на владина седница, бидејќи премиерот му најави крај на мандатот на 15 декември поради амбасадорската функција во Париз за која ги примил агреманите, но не минал во собраниска комисија.

Опозицијата смета дека Димовски има морална одговорност како директор на АНБ, каде е направен пропустот со државјанството на Онишченко и таа треба да се преслика и на неговата идна функција. Одговорност се бара и до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за нов директор постои голема внатрепартиска битка во СДСМ поради која не е избран ниту раководител на внатрешната контрола на АНБ. Сето тоа на штета на Димовски.

И додека во владата се реализираше затворената седница, пропустите на собраниската надзорна комисија кога протече аудио во живо од реферирањето на Виктор Димовски, сè уште се во полициска истрага. Спикерот Џафери во МВР го пријавил пробивот и за продолжение на надзoрната комисија се чекаат истражни резултати за проблемот. Колку тоа ќе трае не се знае.

Од друга страна, државјанството на Онишченко сè уште е активно, бидејќи не постојат законски можности за одземање без негово лично барање и нова проверка од АНБ. Онишченко, како што веќе објави КОД, во своето истражување преку скопска адвокатска канцеларија почнал постапка за отварање фирма во Македонија која требало да се занимава со трговија со гас и енергенси.

Работата со државјанството на Онишченко се забрзала во мај, откако било добиено уверување дека Украинецот има искуство во трговија со гас и може да организира трговија по поевтина цена. Токму во тој период, поради санкциите, се појави проблемот со набавка на гас низ цела Европа и Македонија. Онишченко го поднел барање за државјанство преку коњичката федерација уште во 2020-та, во номеври лани ги добил мислењата на АНБ, а по шест месеци, среде енергетска криза, станал македонски државјанин за спортска намена.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе