Вести Македонија Топ вести Топ тема

Пендаровски во „Топ тема“: Немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за историја

Можеме да разговараме за реални европски теми, но немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за историја. Кога зборуваме за европски интеграции, не смееме да се концентираме на историја, порача македонскиот претседател Стево Пендаровски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Првичните предлози на Софија за наше приближување до Европската Унија ги содржеа оние небулозни барања за јазикот, за нашето етничко потекло, за периодот 1941 до 1945, окупација, администрација, итн. За тие теми немам намера да го трошам патот до Софија или да го повикувам Радев тука, за да разговараме дали во 1941 година или 1944 година биле окупатори или администратори“, нагласи Пендаровски.

Пендаровски додаде дека со Радев сака да разговара за реални европски теми, како за енергијата, за економијата, за инфраструктурата меѓу Софија и Скопје, која претседателот ја оценува како далеку од задоволителна.

„За тоа може да разговараме. За сè друго немам добиено мандат во 2019 година да ја враќам мојата држава во 19 век или да зборувам за Цар Самоил за 10-ти или 11-ти век“, вели Пендаровски.

Според него, реториката меѓу Македонија и Бугарија во последниот период е смирена за што како причина ја наведе усвоената преговарачка рамка. Притоа изрази задоволство што историјата, во преговарачката рамка, се споменува „во делот на она што е билатерален договор и комисија составена од историчари“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе