Вести Свет

Патријархот Порфириј го подржа откажувањето на Европрајд во Белград

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј го поддржа откажувањето на Европрајд, чие одржување беше најавено во Белград.

Оваа тема ни е вештачки наметната и е тотално против вредносниот систем на нашиот народ, како и на нашите браќа и сестри од други религии и народи со кои живееме. За ова директно ми посведочеа претставници на традиционалните Цркви и верски заедници. Затоа, откажувањето на оваа манифестација го сметам за правилно, се вели во соопштението на Порфириј објавено на веб-страницата на СПЦ.

Тој изјави дека во душата на православните христијани е всадено учењето на црквата, изразено веќе на првите страници на Библијата, каде што пишува дека „Бог го создаде човекот како два пола, како машки и женски, што значи дека бракот и семејството, од почетокот на светот до денес и до крајот на светот и векот, е дефинирано како заедница на љубов на маж и жена со нивните деца“.

Целосно ја разбираме фундаментално оправданата голема загриженост на нашиот народ кој во грубото промовирање и наметнување на политики и идеологии кои имаат за цел да ги уништат столбовите на кои со векови се гради нашиот идентитет, да направат сè да биде кревко, релативно и флуидно, да се почувствува длабоко и систематско загрозување на сите фундаментални вредности на кои им е верен со векови, особено на светињата на бракот и семејството, напиша Порфиј.

„Од овие причини, неколку пати во директен разговор со највисоките претставници на државата ги презентиравме причините поради кои сметаме дека е неопходно и оправдано да се откаже од Европрајд“, додаде тој.

Патријархот на СПЦ исто така изјави дека црквата е „против секаква форма на насилство, јавно жигосување и прогон на кој било“.

Злото не се лечи и не се победува со насилство, туку на тој начин само се множи, се вели во изјавата на Порфириј.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Водата за пиење повод за меѓупартиски обвинувања

Kristina Kuzmanovski

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе