Вести Свет

Во 51 ирански град инсталирани одбранбени системи од хемиски напад

Иранските власти денеска соопштија дека инсталирале одбранбени системи во над 50 градови за да пресретнат можни „биолошки, радиолошки и хемиски напади“.

Иранското Министерство за одбрана соопшти дека 51 град се опремени со потребната опрема за „идентификување и следење на сите видови биолошки, радиолошки и хемиски закани“.

Градот Сардашт, курдски град во северозападниот дел на Иран, на 28 јуни 1987 година беше цел на ирачко бомбардирање со хемискиот отров иперит, што беше прв напад од ваков вид во урбана средина. Во нападот загинаа 119 лица, а 1.518 се повредени.

На годишнината од овој напад, лани иранскЍ те власти најавија дека мора да бидат подготвени да се бранат од можни нуклеарни, биолошки и хемиски напади.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Притвор за 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе