Аналитичарот за нафта и гас на „Investec“, Нејтан Пајпер, рече дека затворањето на Северен тек 1, главниот гасовод кон Германија, е „дополнителен чекор во економската војна против Европа“.
Во петокот, рускиот енергетски гигант Газпром соопшти дека засега не може да го продолжи снабдувањето со природен гас преку Северен тек 1.
Аналитичарите беа скептични за оправдувањето што го презентираше Гаспром.
Според компанијата причина за прекинот на дистрибуцијата е неисправната турбина.
ЕК пак ваквото објаснување го нарече цинична одлука на Гаспром под „лажни изговори“.
