Вести Свет Топ вести

Небезнија: Лавров и руската делегација се уште не добиле американски визи за учество на Генералното собрание на ОН

Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, официјална Москва ја изрази својата загриженост затоа што се уште не се добиени американски визи за членовите на руската делегација предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за учество на Генералното собрание на светската организација, пренесуваат денеска западните медиуми.

До 1 септември, ниту еден од 56-те руски дипломати нема добиено виза за влез во САД“ за да присуствува на неделата на Генералното собрание, што на високо ниво ќе се одржи од 20 до 26 септември во Њујорк, напиша рускиот амбасадор во ОН Васили Небензија во писмото до Гутереш.

Тој додаде дека истото важи и за новинарите и членовите на екипажот на авионот во кој треба да патува рускиот министер.

Ова е загрижувачко и затоа што во последните месеци американските власти постојано одбиваа да издадат визи на голем број руски делегати кои требаше да присуствуваат на официјални настани во ОН, се наведува во писмото, повикувајќи ги САД да ги почитуваат своите „законски обврски“ и „брзо да ги одобрат“ бараните визи.

Според договорот од 1947 година, меѓу САД и ОН, Америка не треба да го спречува транзитот на претставници на земјите членки до седиштето на ОН.

Портпаролката на генералниот секретар на ОН за француските медиуми изјави дека се во „близок контакт“ со САД во однос на прописите од договорот усвоен во 1947 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

Дејан Дејан

Предупредување: Небезбедна водата во Ореовец и Леништа

Kristina Kuzmanovski

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе