Вести Свет Топ вести

Тимот на МААЕ во Киев, од утре мониторинг на нуклеарката Запорожје

Тим експерти за нуклеарен надзор на Обединетите Нации пристигна во Киев и од утре ќе започне со мониторинг на нуклеарната електрана Запорожје во јужниот дел на Украина, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси информираше дека тимот, што тој лично го предводи, пристигнал синоќа во Киев, на својот пат до нуклеарката, каде планирано е да се врши инспекција од утре до сабота, јави Гардијан.

Мораме да ја заштитиме безбедноста на најголемата нуклеарна централа во Украина и во Европа, напиша Гроси на Твитер.

Гроси и тим експерти и инспектори тргнаа во мисија за поддршка и помош во Запорожје, со цел да помогнат при обезбедување на нуклеарната безбедност во украинската електрана, што е под руска контрола, и да преземат витални заштитни активности.

Според Кремљ, мисијата на МААЕ е неопходна, но исклучена е можноста да се напушти локацијата, пишува Гардијан.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба изјави дека Украина од делегацијата на МААЕ очекува да „изнесе факти“ во врска со кршење на сите протоколи за нуклеарната безбедност, додавајќи оти Русија „не само Украина, туку и целиот свет го става во опасност од нуклеарна несреќа“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе