Вести Свет Топ вести

Германија и Франција против забраната за издавање визи за руските туристи

Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да го посетат блокот, порачаа Германија и Франција во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во Прага, на кој ќе разговараат за барањата на балтичките земји и некои други членки за забрана за издавање визи за Русите.

Иако ја разбираме загриженоста на некои земји-членки во овој контекст, не треба да ја потценуваме трансформативната моќ на искуството на животот во демократски системи од прва рака, особено за идните генерации, се вели во француско-германскиот документ.

 

Нашата визна политика треба да го одразува тоа и да продолжи да дозволува контакти меѓу луѓето во ЕУ и руските граѓани кои не се поврзани со руската влада“ се додава во соопштението.

Доцна попладнево, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе пристигнат на дводневен состанок во Прага.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе