Вести Свет Топ вести

Инспекциски тим на МААЕ се упати кон нуклеарката Запорожје

Инспекциски тим за нуклеарно набљудување на Меѓународната агенција за атомска енергија се упати кон украинската нуклеарна централа Запорожје откако изминатиот период во многу наврати таа се најде на линијата на огнот меѓу завојуваните страни Украина и Русија, а голем дел проектили кои паднаа во нејзина близина го вклучија алармот дека светот тргна по тенка линија од можна нова нуклеарна катастрофа, што пак предизвика голема глобална загриженост.

Дојде денот, мисијата за поддршка и помош на Меѓународната агенција за атомсла енергија во Запорожје сега е на пат. Мора да ја заштитиме безбедноста и безбедноста на најголемиот нуклеарен капацитет на Украина и Европа, напиша на Твитер генералниот директор Рафаел Гроси кој меѓу другото информира дека се очекува експертите да пристигнат во централата кон крајот на неделава.

Очекуваме од мисијата јасна изјава за фактите, кршење на сите нуклеарни протоколи, протоколи за нуклеарна безбедност. Знаеме дека Русија ја става не само Украина, туку и целиот свет под ризик од нуклеарна несреќа. Јас немам нови информации за радиоактивно протекувањето. Тоа ќе го направи мисијата на МААЕ ќе ја провери ситуацијата и ќе дојде до заклучоци, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

И покрај опасноста од нуклеарна катастрофа сепак воените дејства околу централата продолжуваат со несмалено темпо, а последниот од низата артилериски баражи беше насочен кон градот Енергодар кој се наога во непосредна близина на Запорожје. И двете страни не презедоа одговорност за нападот, а прстот го вперија во противникот.

Единствен начин да се обезбеди нуклеарната безбедност во централата е Русија да ја напушти порача украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Сите треба да бидеме обединети во барањето на една работа, повлекување на Русија од нуклеарната централа Запорожје. Русија се обидува да го легитимира своето присуство и да се вкорени таму, но таа е против нуклеарната, нуклеарната безбедност и исто така против енергетската безбедност во Европа како целина, за Русија да остане таму. Русија мора да си оди и Меѓународната агенција за атомска енергија, како и другите земји во светот, ние едноставно мора да овозможиме тие да појдат таму, истакна Кулеба од Стокхолм.

Русија пак изрази подготвеност да соработува со мисијата во нуклеарната централа Запорожје. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Москва е „заинтересирана“ за меѓународна експертиза. Експертите тврдат дека и покрај воените дејства кои се одвиваат во регионот за среќа околу централата нема радиоактивно зрачење, иако украинските власти соопштија дека на локалното население кое живее во непосредна близина на комплексот му се делат таблети со јод за да се спречи евентуално радиоактивно труење.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе