Вести Свет Топ вести

Гранатиран украинскиот град Енергодар, во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот град Енергодар, кој се наоѓа во близина на нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, синоќа беше погоден од неколку гранати, јави ДПА.

Москва и Киев разменија обвинувања за артилерискиот бараж. Двете страни објавија видео снимки на кои се гледаат многу автомобили запалени во станбени области на градот.

– Седум лица се повредени, од кои двајца потешко, изјави Владимир Рогов од руската окупациска администрација, пренесува ДПА. Тој посочи дека преку нападот Украина се обидува да ја спречи посетата на експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Украинскиот градоначалник на Енергодар, Дмитро Орлов, кој го напушти округот, рече дека тоа е провокација и дека зад нападот стојат руските сили.

Тој ја обвини Москва за „нуклеарна уцена“ бидејќи во објектот се стационирани руски воени единици. Меѓународната заедница стравува дека борбите во нуклеарната централа Запорожје, која е најголемата нуклеарна централа во Европа, може да предизвикаат нуклеарна катастрофа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе