Вести Свет Топ вести

Над 1000 загинати во страотните поплави во Пакистан

Пакистан побара поголема меѓународна помош да се справи со поплавите кои предизвикаа страотна катастрофа во земјата, заради која илјадници луѓе очајнички бараат сува земја или спас на повисоко.

Смртоносниот биланс од поплавите предизвикани од сезоната на поројни монсунски дождови која започна во јуни се искачи на 1033 луѓе, при што во последните 24 часа, животот го загубиле најмалку 119 луѓе, потврди агенцијата за справување со природни катастрофи во земјата.

Силните врнежи и поплави се проширија во повеќе провинции во земјата, но најтешки се последиците во најсиромашните региони, Синд, Балохистан и Пунџаб.

Речиси 300 илјади куќи се целосно уништени како и речиси 150 мостови, бројни патишта се под вода и се непроодни, додека без електрична енергија останаа и поголем дел од поплавените региони.

Властите тврдат дека даваат се од себе да се справат со природната катастрофа, но голем дел од луѓето кои ги изгубија своите домови тврдат дека не добиле никаква помош.

„Ги носиме своите работи со себе, нашата куќа е поплавена. Како поинаку треба да го спасиме тоа што го поседуваме? Гледате, сега носиме со себе што може да спасиме во оваа ужасна ситуација. Нема никој од владата, никој да ни помогне, никој ниту да праша за нас“ – вели еден жител на Пакистан.

„Наеднаш се појави многу вода во селото, ни ги поплави куќите. Загинаа некои од моите роднини, ја изгубивме стоката. Немаме никаква помош од владата“ –тврди жител на Пакистан.

Премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф соопшти дека со последиците од поплавите се зафатени повеќе од 33 милиони луѓе, односно речиси 15% од населението на државата.

Последиците од поплавите ќе остават страотен белег и врз економијата на државата. Провинцијата Синд, која произведува околу 30% од памукот во Пакистан, ги изгубила сите насади од овој значен извозен производ за земјата, додека уништени се и речиси половина од засадените шеќерни трски.

Земјоделците останаа и без стоката, додека водената стихија уништи и огромен дел од залихите со храна.

За жителите на поплавените региони, владата формираше фонд во износ од 45 милиони долари а секое семејство ке претрпело штета ќе добие итна помош во износ од 112 долари.

Соединетите држави, Велика Британија и Обединетите арапски емирати одговорија на повикот за помош, но тоа е само мал дел од тоа што е неопходно, тврди владата во Исламабад.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе