Србија и Косово постигнаа договор околу спорното прашање за документи за лична идентификација, објави денеска комесарот на ЕУ за надворешна политики и безбедност Жозеп Борел. Тој на својот официјален профил на Твитер објави дека Србија се согласила дека нема да им издава влезни и излезни документи за жителите на Косово, додека Косово се согласи да не воведува такви документи за жителите на Србија.
„Србите што живеат во Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да слободно да се движат меѓу Косово и Србија користејќи ја само личната карта. ЕУ доби гаранција од Курти за тоа“ напиша Борел на Твитер.
Тој додава дека ова е европско решение и дека им честита на двајцата лидери за одлуката и лидерството.
Прашањето за регистарските таблички кое досега беше спорно во односите меѓу Србија и Косово се уште не е решено.
Српскиот претседател Александар Вучуќ претходно изјави дека се надева дека ќе се постигне договор околу документите и дека ЕУ ќе даде гаранции за тоа, без да ги стави Србите по посебен визен режим.
Вучиќ рече дека Србија е подготвена да издаде општо „одрекување“ во кое ќе се наведе дека дозволува употреба на лични карти издадени од Косово, но дека тоа се прави само за да се олесни слободата на движење на поединците и дека тоа не може да се толкува како на признавање на независноста на Косово, не го прејудицира конечниот статус на Косово и не претставува повлекување на Србија од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
За договорот за личните карти со Србија, косовскиот премиер Албин Курти во својата објава на фејсбук им се заблагодари на сите за поддршката и трпението.
Нормализацијата на односите мора да вклучува реципроцитет, што подразбира добрососедски односи, напиша на својот фејсбук-профил косовскиот премиер Албин Курти, по повод постигнатиот договор за личните документи меѓу Србија и Косово.
Тој додаде дека им е благодарен на, како што ги нарече, посредниците, притоа мислејќи на комесарот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, претставник на ЕУ за дијалог Косово-Србија, Мирослав Лајчак и претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, а особено до американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, за нивниот придонес.
Постигнатиот договор доби поддршка и во Белград, каде српските политичари од власта му честитаат на Вучиќ за успехот во преговорите, а поддршка даде и СПЦ како и српските здруженија од дијаспората.
Косовската влада на први август се обиде да ја спроведе својата одлука за реципроцитет со издавање влезни документи на косовските Срби кои имаат само српски документи. Со дипломатски препораки беа спречени посериозни инциденти, по што во надминувањето на проблемите се вклучија САД и ЕУ. Одлуката на косовската влада требаше да биде спроведена на 1=ви септември, но 5 дена претходно е промовиран договорот.
Во меѓувреме првадајќи се со состојбата во Косово, Србија го откажа Еуропрајд, еднонеделен настан посветен на правата на ЛГБТ заедницата, а Вучиќ објави и дека Ана Брнабиќ, досегашната премиерка на Србија добива нов мандат за состав на владата во Белград.
Вучиќ ја именуваше Ана Брнабиќ за мандатар на новата српска влада
